05 Мај, 2024
0.0257

ДАЛИ ГОДИНАВА ОЖНЕАВМЕ ПОМАЛКУ ПЧЕНИЦА ОД ЛАНИ, покрај војната и сушата атакува на лебот

Објавено во: Економија, Агробизнис 19 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Колкави ќе бидат годинешните приноси на пченица се уште е енигма, но упатените укажуваат дека со сигурност нема да бидат натпросечни поради временските услови, односно високите температури кои ја зафатија земјата и кои негативно влијаат на приностите.

Но, Македонија не е единствената која ќе се соочи со намалени приноси, напротив очекувањата се дека приносите кај пченицата ќе бидат намалени кај сите производители во светот поради сушите и високите температури кои беа присутни насекаде.

-  Оваа година се очекува потфрлување на приносите на пченица насекаде. Така ќе биде и во соседна Србија каде вообичаено имаше поголеми приноси отколку кај нас,што е резултат на сушата, а истото ќе се случи и низ европа. Генерално очекувањата на научната фела се дека и во иднина ќе има намалување на приносите поради растот на температурите. Од овие причини очекувам годинава и во нашата земја да има помали приноси отколку што првично се очекуваше, а таква тенденција ќе имаме и следната година – вели универзитетскиот профосор во пензија Илија Каров од Земјоделскиот факултет во Штип.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечните приноси на пченица во земајва се движат околу 3,5 тони по хектар, но тие од година во година се пазлични. 

Каров за „Фактор“ потенцира дека има опасност производството на пченица да продолжи да се намалува бидејќи не се вреднува трудот на земјоделците. Тој потенцира дека откупната цена на голем дел од земјоделските производи, меѓу кои и на пченицата се ниски, а дополнително што годинава ако остане исто така ниска ќе предизвика поголеми проблеми поради зголемените трошоци за ѓубрива и хемикалии за обработка на земјата.

-  Мора да се најде начин да има домашно производство и притоа да бидат платени и вреднувани земјоделците за да продолжат да работат на нивите. Сега ако немаат испалата земјоделците не можат да се подготват за следната сејна сезона, која треба да започне во октомври – потенцира Каров.

Професорот посочува дека треба да се изјадат мерки со кои ќе бидат задоволни сите инволвирани страни во производството на пченица и други земјоделски производи како оризот, грозјето... Според него, ако пченицата или другите продукти не се откупуваат по реални цени, треба откупот да го прави државата која ќе го складира во државните резерви, а потоа од нив, да го откупуваат преработувачите по повисоки цени.

-  Сметам дека треба да се дава приоритет на домашното производство, наместо да се задоволуваат потребите од увоз и да се излеваат средства во странство. Треба да се стимулира домашно производство и кај пченицата и кај оризот и другите култури, бидејќи е најдобор да имаме домашно производство. Како да очекуваме да продолжат земјоделците да садат оти им се откупуваат производите по лански цени, а во меѓувреме трошоците им се зголемија дратично. Нив нема да им остане трошоци да покријат, а не па да купат нови семиња за следна сеидба –потенцира Каров.

Професорот истакнува дека приносите на пченица во нашата земја годинава ќе бидат помалку од очекувањата и вели дека е добро ако оствариме по 3,5 тони по хектар поради лошите временски услови. Според него приносите кај оризот се задоволителни и ќе бидат повисоки, а сито позитивен раст на приносите се очекува и кај пченката.

-  Од вкупните приноси што ќе ги добиме, очекувам дел од пченицата да заврши и како сточна храна бидејќи таа денес се откупува по повисоки цени, што занчи ќе остане помалку за производство на брашно – додава Каров.

Се очекува следната недела надлежните институции да ги сумираат податоците од годинешните приноси и откупните цени, кои потоа ќе бидат објавени и во јавноста.

Генерално нашата земја има пониски приноси по хектар на пченица, особено во споредба со светските производители, па дури и со земји во соседството.

Со избивањето на војната во Украина и почетокот на прехрамбената криза која резултираше со раст на цените на храната, се зголеми интересот за земјоделство.

Како што објави „Фактор“, по зголемување на цените, и на субвенциите кои државата ги дава за потткнување на производството, се зголеми и бројот на новорегистрирани компании во областа на житни култури и маслодајни семиња.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години