30 Април, 2024
0.0276

Да се печати или да не се печати?

Објавено во: Анализа 27 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Крајот на минатата недела ни покажа колку е кршлив растот на берзите во САД, па и во целиот свет. Неколку гувернери на ФЕДот на нивниот последен состанок изразиле загриженост од формирањето  на балон во многу активи, најевидентно на берзата.  Што би рекло дека ќе треба да дојде време кога политиката на ефтини пари мора да се запре. Е сега секој го знае дека оваа политика мора некогаш да заврши, но овие таканаречени соколи сакаат крај на печатењето што е можно поскоро. Веднаш по објавувањето на веста, па и во текот на утрешниот ден видовме широк пад на водечките индекси ширум светот. И како што многу пати досега пишувавме повторно се најдовме во апсурдна ситуација, доколку економијата се однесува добро политиката на ефтини пари логично е да заврши, но ако политиката на ефтини пари заврши берзата ќе паѓа, а ако берзата паѓа на економијата не и добро. Ваквата веќе видена ситуација уште еднаш ги охрабри оние кои прогнозираат црна сценарија да излезат и да кажат дека овој раст е тотално надвор од здравиот разум и дека е фундаментално неиздржан, бидејќи сите економии се мачат, додека цените на акциите растат. И дека овој нагол пад тоа го потврдува. Берзата падна затоа што неколку гувернери кажале дека не се веќе за ефтини пари, замислете што би се случило со берзите доколку Бернанке го каже тоа. Веројатно би не очекува апокалипса. Ова секако е можно опасно сценарио кое посебно ќе се одрази на пазарот на обврзнци. Доколку дојде до зголемување на каматите и намалување на активностите кои на отворен пазар ги врши ФЕДот, цените на обврзниците ќе паднат, за да им порасне приносот и да се изедначат со новоиздадените обврници. Падот на цените ќе предизвика дупки во билансите на баките. Замислете го овој ефект на ниво на целиот свет. Ова веќе и делува како апокалиптично сценарио. Другата страна на парата е дека Бернанке е убедливо најдобриот централен банкар и дека одлично ја менаџира ситуацијата. За разлика од Европејците кои се троми или Јапонците кои стануваат преагресивни, Бернанке одлично ја менаџира ситуацијата играјќи топло ладно со пазарот, со цел сите да ги отворат очите и да не задремат. Реално гледано во моментв ризиците се преголеми, за да се донесе одлука за повлекување во овој момент. Навистина, САД се снаоѓаат сосема коректно, но остатокот од светот е во попрично замрсена состојба. А во четврток видовме дека поговорката дека кога Америка ќе кивне, светот настинува сеуште е поприлично важна. Ризиците се огромни, ситуацијата статус кво е неодржлива на долг рок. Да се надеваме дека во моментот кога каматите ќе пораснат, банките и економиите ќе бидат подготвени за можниот удар. Милан Димитриоски