30 Април, 2024
0.0248

Бундесбанк до Французите: Не си играјте со правилата!

Објавено во: Анализа 23 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Јенс Вајдеман е претседател на Бундесбанката, најмоќната помеѓу сите централни банки во Унијата. Овој 45 годишен Германец има исклучително познавање на Францускиот банкарски систем, бидејќи помина одреден период во централната банка на Франција и е еден од главните луѓе кои работат низ годините на зголемување на економската соработка помеѓу Франција и Германија.

Овие две држави како што ни познато низ историјата имале многу компликувани односи кои често пати кулминирале со војна. Но еве денеска тие се моторот на Унијата и секако главните две земји во еврозоната. Од нивното однесување се чини дека зависи и иднината на монетарната унија. Вајдеман од позиција на шеф на Бундесбанката деновиве прати јасна порака до Франција велејќи дека и тие мора да превземат дел од одговорноста во справувањето со проблемите со кои сите се соочени. За што се работи? Како што пишувавме вчера Унијата делува дека има волља да ги олабави политиките на штедење кои во изминатиот период ги наметнуваше на нејзините членки. Такво олабавување треба да добие и Франција која ќе добие дополнителни две години за да го сведе нивото на дефицит на потребните три проценти. Но, според Вајдеман ваквиот пристап не смее да биде злоупотребавуван од големи економии како Франција. Според него Франзуците треба многу да внимаваат со оваа ектензија која ја добиваат, бидејќи таа не смее да биде злоупотребена од големите. Впрочем токму тие треба да се покажат како најодговорни и да ги користат овие механизми на продолжени рокови само во најголема нужда, а не секогаш кога ќе им се даде прилика за тоа. Германија очигледно не сака да остане сама во одговорноста,но не сака ни да се распадне супер големиот пазар кој го има на располагање. Редакција Фактор