БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок
Објавено во: Македонија 20 Април, 2024
Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи, а пробиен е законскиот рок.
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев образложи дека со доаѓањето на техничката влада, министерот направи некои реформи, познати од само нему некои лични причини, коишто не донесоа никаков резултат.
„Според последните сознанија што ги имам и бројките што ги побарав, над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок. А само ќе напоменам дека пред техничката влада, сите граѓани ги добиваа своите лични документи во рок од 15 дена. Но, за среќа техничката влада завршува за брзо па ќе ги вратиме управните служби на прав колосек, граѓаните ќе бидат сликани и услужени за 15 дена да ги имаат своите документи. Тоа го зборував уште од првиот ден, но не наиде на разбирање дека не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите, а да не им ги дадеме пасошите“, вели Бојмацалиев.
Граѓаните чекаат некаде веќе два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале.