30 Април, 2024
0.0391

Берзите стануваат малку еуфорични

Објавено во: Анализа 30 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Минатонеделните случувања во САД укажаа дека инвеститорите како да чекаат момент да се повлечат од пазарот. Берзата и психологијата на многу начини се поврзани, па така во овој случај на растење нормално до главен израз доаѓа алчноста. Никој не сака да си оди од забавата додека трае, затоа што никој не сака да слуша туѓи приказни за тоа како другите си поминале. Сепак изгледа дека не се работи само за политиките на ФЕДот, едноставно пазарите делуваат дека стануваат прееуфорични. Овој график на Кредит Свис го покажува токму тоа. Подоле може да го погледнете графиконот кој го мери апетитот за ризик на инвеститорите: Мерено пред една недела. Ниво од скоро 5, или како што го нарекле ниво на еуфорија. Време кога треба да се подразмисли дали да се земе профитот. И можеби на најголема мака се оние кои сеуште чекале во пари и најверојатно ги боли што немаат никаков ќар. Според ова доколку сега се решат да да се активираат, може многу да погрешат. И за оваа цел, уште еден доста индикативен графоикон. Индексот на Мерил Линч за принос на европски неквалитетни хартии од вредност. Имајте на ум дека ова е принос за хартии од вредност кои се доста ризични: Иако доста ризични пазарот ги сака. Како што расте нивната цена, така паѓа нивниот принос. Како што гледате најризичните хартии имаат најнизок принос во изминативе 20 години. Апетит за инвестирање очигледно има, сега ќе мора да чекаме да видиме до кога. Редакција Фактор