29 Април, 2024
0.0255

„Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024: Гостување на д-р Неле Карајлиќ, попусти до 80 отсто, саемски новитети и работилници за деца

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Со промоција на третиот дел на книгата „Солунска 28“ на легендарниот музичар и автор д-р Неле Карајлиќ, на 18 април (четврток), издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе го почне своето претставување на 36. Саем на книгата.
На најголемата книжевна манифестација, која се одржува од 18 до 24 април, во арената „Борис Трајковски“, Скопје, „Арс Ламина“ ќе се претстави под слоганот „Влези во бајка“.
Оваа година на посетителите ќе им понуди над 1.000 изданија, попусти до 80 % на најбараните наслови, книги за 60, 100, 150 и 200 денари, како и многу саемски новитети – интернационални бестселери, сликовници и книги за деца. На програмата се промоции на книги, потпишување и дружба со авторите, како и работилници за деца.

На првиот саемски ден (18.04), во 11 часот, на штандот на „Арс Ламина“ ќе се одржи работилница за деца „Нацртај ми бајка“, инспирирана од „Нови бајки од Македонија“ и „Си беше еднаш“, на која ментор ќе биде илустраторот Орце Нинески.
Во 18 часот е закажана промоцијата на книгата „Солунска 28“ (III дел) од легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ. Ова е четврта книга на Карајлиќ во издание на „Арс Ламина“, по „Фајронт во Сараево“ и првите две продолженија на „Солунска 28“. Промотор на новото издание ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. По промоцијата ќе следува потпишување на книгата и дружба со авторот.
Во петок (19.04), во 11 часот, ќе се одржи работилница за деца „Како се прават списанија?“ – инспирирана од списанијата за ученици „Прв детски клик“ и „Детски клик“.

На 20 април (сабота), дружбата со читателите почнува во 11 часот со работилницата за деца „Мојата прва библиотека“, инспирирана од истоимената публикација со 31 книга за почетно читање. Настанот ќе биде под менторство на авторката Деспина Мукоска и илустраторката Калиопи Трпчева. Во 13 часот, под наслов „Џабе си у Скопје, ако не цепаш на Саем“, ќе се одржи потпишување книги и дружба со Зоран Спасов-Ѕоф, авторот на хит-изданијата „Цепај сине“, „Џабе живиш у Скопје“, „Торонто експрес“, „Тито, мојот претпоследен херој“.
Во 18 часот на програмата е промоцијата на книгата „Подоцна“ од Маријан Бошевски, чии промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Татјана Димовска-Атанасова.
Еден час подоцна, на саемскиот Промо-центар, во организација на „Арс Ламина“ ќе се одржи промоција на книгата „Скарбо“ со сите раскази за возрасни на Јадранка Владова. Промотори на изданието ќе бидат Оливера Ќорвезироска, Татјана Б. Ефтимоска и Александар Прокопиев.

Во недела (21.04), во 11 часот, на штандот на „Арс Ламина“ ќе се одржи работилницата „Магијата на Мирабела и Исидора Мун“, инспирирана од омилениот серијал за деца од Хариет Мункастер.
Во 12 часот, ќе почне костимираниот настан „Волшебниот свет на Хари Потер“, поттикнат од популарните книги на Џ. К. Роулинг.
Во саемскиот Промо-центар, во 14 часот е закажана промоцијата на книгата „Прирачник за солиден живот“ од српската авторка Оливера Зуловиќ. Книгата е добитник на наградата на „Политикин забавник“.
Во 15 часот, на штандот на „Арс Ламина“ ќе се одржи настанот „На кафе со авторите“, на кој книги ќе потпишуваат авторите: Јована Матевска Атанасова – „Риба во(н) мрежа“ и „Шарени ириси“, Срѓан Ивановиќ – „Писма од лудница“ и Андреа Мирческа – „Девојката што ја наслика смртта“.
Популарниот стендап-комичар Марјан Георгиевски ќе ја промовира својата прва книга „Железно небо“, во 18 часот, на штандот на „Арс Ламина“. Промотор ќе биде Димче Николовски.

Со работилницата за деца „Како се прави џиновска сликовница?“, во 11 часот, ќе почне програмата на 22 април (понеделник). Во 17 часот е закажано потпишувањето на поетските книги на Катица Ќулавкова („На врв на јазикот“) и Зоран Анчевски („Коњски житија“)  на штандот на „Арс Ламина“, а во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Страшни приказни“ од Сузана Камберова. Промотори на изданието, објавено во едицијата „Пегаз“, ќе бидат Оливера Ќорвезироска и Бисера Бендевска.

Во чест на Светскиот ден на книгата, 23 април, издавачката куќа „Арс Ламина“ организира низа настани. Во 11 част, на штандот ќе се одржи работилница за деца инспирирана од кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата „Читањето е супермоќ“, а во 17 часот познатиот поет Никола Маџиров ќе ја потпишува својата прва книга за деца – „Рокчето“. Во 18 часот, во Промо-центарот, „Арс Ламина“ организира панел во чест на Светскиот ден на книгата, „Светската книжевност објавена на кирилица“, на кој ќе учествуваат Никола Маџиров, Владимир Јанковски, Оливера Ќорвезироска и Бисера Бендевска.

Пр објава


Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024