01 Мај, 2024
0.0258

Ако не можете да трпите критики, никогаш нема да постигнете успех

Објавено во: Стил 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Ги рифаќате ли премногу лично критиките кон вас? Сосема нормално е да е така. Во теорија сите знаеме дека критиката е нешто корисно и конструктивно, но кога сме соочени со неа, се активираат нашите заштитни механизми. Сепак, ова може да го спречи стручниот раст.

Критиките не ви се повлекуваат назад, напротив - тие се гориво, што ќе ви помогне да се унапредите. Потребна е храброст да признаеш дека имаш уште многу да учиш. На патот нагоре критиката е камен темелник која покажува каде да тргнеме за да напредуваме.

Покрај тоа, таа нè поврзува со други луѓе на едно подлабоко ниво. Понекогаш градиме ѕидови меѓу себе, кои можат да бидат соборени само преку комуникација. Колку и да не ви се верува, критиката може да биде ефективна форма на комуникација. Позитивната не информира каков впечаток оставаме кај другите, а негативната може да се претвори во мотивацијата, од која имаме потреба, без да го сфаќаме тоа.

Културата во денешно време се чини дека не го охрабрува критицизмот. Оние кои си дозволуваат да критикуваат, се мразени и изолирани. Но таква средина не е воопшто здрава. На секој му е потребна барем малку критика, за да расте.

Затоа кога ќе слушнете критики на своја сметка, обидете се да мислите за позитивните нешта кои можат да ви ги донесат. Така ќе ви биде полесно на душата , а и успехот ќе ви се види по-достапен.