16 Мај, 2024
0.0262

Зошто Трамп му се заканува на Ким со „либиско сценарио“?

Објавено во: Свет 19 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Aмериканскиот претседател, Доналд Трамп им се закани на северокорејските власти дека нивната земја ќе се соочи со „либиско сценарио“ доколку Пјонгјанг не го прифати договорот.

Пред неколку дена советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон изјави дека во случајот со Северна Кореја, би можел да се примени „либискиот модел“, но Болтон со тоа не мислеше на воента инвазија на Либија.

Болтон кога го спомена „либискиот модел“ мислеше на договорот од 2003-та година кога тогашниот либиски претседател Моамер Гадафи се согласи на уништување на опасното вооружување и потенцијалниот развој на нуклеарно оружје, во замена за прекин на санкциите против Либија.

„Тој модел, ако го гледаме примерот на Гадафи, беше целосно уништување. Влеговме внатре и го поразивме. Тој модел би можел да стапи на сила и сега ако не постигнеме договор, многу веројатно. Но, ако постигнеме договор, мислам дека Ким Јонг Ун ќе биде многу, многу среќен“- изјави  Трамп.

Според аналитичарите, Трамп му се закани на севернокорејскиот лидер дека ќе го снајде „судбината на Гадафи“, односно дека доколку не се согласи нуклеарното вооружување на Северна Кореја да биде уништено, тогаш Северна Кореја ќе биде уништена, а тој симнат од власт.

Трамп и севернокорејскиот претседател на 12-ти јуни ќе имаат историска средба во Сингапур.

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“