26 Април, 2024
0.0339

Зошто добивката на „Комерцијална банка“ падна за 130 милиони денари?

Објавено во: Финансии 27 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Менаџментот на банката објективно и јасно укажа дека ова е резултат на очекувано влошување на квалитетот на кредитното портфолио, народски кажано „игрите без граници во парламентот“ создаваат атмосфера во која  фирмите тешко ги враќаат кредитите

Нето приходите од камати на „Комерцијална банка“ паднале за безмалку еден милион евра во првиот квартал годинава. а резервациите за кредитните пласмани пораснале за 3,3 милиони евра . Ова се главните причини заради кои „Комерцијална банка“ бележи пад на добивката од 77 отсто во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани, покажуваат податоциге од неревидираниот биланс на успех на таа банка, објавен на Македонската берза вчера.

За првите три месеци годинава една од двете најголеми деловни банки во земјава има добивка од 39 милиони денари односно околу 650.000 евра. Оваа добивка е пониска од ланската за 130 милиони денари односно 2,1 милиони евра токму заради зголемените резервации.

Нето приходите од камати на оваа банка годинава се на ниво од 728,4 милиони денари што е за 56 милиони денари помалку од истиот период лани. Вкупните приходи од камати во првите три месеци се 865,1 милиони денари и се за 58 милиони денари пониски од истиот период лани односно пад за 6,2 отсто. Во овој период банката има расходи за камати кои се за 7 милиони денари пониски од тие во првиот квартал во 2016 година. Тоа е намалување за 4,8 отсто во однос на лани.

Кај втората по значење приходна ставка приходите од надоместоци и провизии резултатот е следен: банката е во позитива од 200 милиони денари нето и тие се за 11 милиони денари пониски од лани. При исто ниво на приходи од провизии и надоместоци како лани банката годинава имала поголеми расходи од овие активности за 8,7 милиони денари односно за 16,8 отсто. Банката успеала значително да ги зголеми приходите во ставката останати приходи што можеби значи и продажба на недвижен или движен имот. Кај оваа ставка за три месеци се реализирани приходи од 102 милиони денари што е за 50,5 милиони денари повеќе од лани. Со ова зголемување значајно го компензирала намалувањето кај нето приходите од камати.

Резервациите се клучен фактор за намалената добивка

Сепак резервациите имаат клучно влијание врз нивото на добивка на банката. За првите три месеци годинава нивната вредност е 10 милиони евра односно 606,6 милиони денари и тоа е за 210 милиони денари повеќе од резервациите во истиот период лани. Ова е објаснувањето од банката: „влијание врз намалениот финансиски резултат во извештајниот период има значителното зголемување на исправката на вредност на корпоративните кредити поради влошувањето на квалитетот на портфолиото што беше очекувано и се цени дека ваквата динамика ќе се задржи до крајот на првото полугодие.Овој зголемен трошок на банката во значајна мерка е компензиран со огромното намалување на загубата заради оштетување нефинансиски средства. Таа од ланските 100 милиони денари годинава е сведена на 16,8 милиони денари. Дополнителни дваесетина милиони денари банката заштедила на останатите расходи од дејноста кои се доведени до износ од 159,3 милиони денари за три месеци. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните