Земјоделските производи со најголем потенцијал за украинскиот пазар
Објавено во: Агробизнис 08 Јуни, 2013
Според Азески, извозот мора да се пренасочи кон источните земји, а Украина е една од тие земји, со интересен и огромен пазар за македонските компании.
- Извозот мора да се пренасочи кон источните земји што имаат динамични економии кои имаат голем пазар и се пријателски расположени кон нас. Една од тие земји е Украина. Украина е интересен и огромен пазар за македонските компании со над 45 милиони жители, а бележи значаен континуиран економски раст, оцени Азески.
Претседателот на Украинската стопанска комора рече дека биснисмените од Украина сакаат да најдат деловни партнери во Македонија и оти се интересираат за бизнис климата во државата.
- Имаме и енергетика и јаглено производство и луѓе што се занимаваат со метал. Има и компании кои ги изградиле најголемите трговски центри во Украина кои инвестираат во угостителски бизнис, компании кои се занимават со градежни материјали.Тие претпријатија дојдоа овде не само за да се покажат себеси да најдат партнери, туку тие се исто така многу заинтересирани за бизнис климата која е сега во Македонија, наведе Чижиков.
Украинската бизнис делегација која е во посета на земјава од вчера имаше средба со министерот за странски инвестиции Бил Павлески, како и со раководството на Сојузот на стопанските комори.