27 Април, 2024
0.0268

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

Објавено во: Економија 19 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Првите луѓе на прилепска „Витаминка“ имаат причини да го отворат шампањското за да го прослават минатогодишниот финансиски резултат. Не само што лани успеале да остварат добивка од над 1,1 милиони евра, туку и таа е зголемена за повеќе од два пати во однос на една година претходно, или за цели 130 проценти.

Но, иако овој финансиски резултат е за поздравување, тој не се должи на зголемени оперативни приходи од работење на компанијата, напротив, тие се намелени во однос на 2022 година.

Да видиме што покажува Билансот на успех на компанијата, а од кој, за волја на вистината, не може многу да се разбере како дојде до толку значајно зголемување на добивката, во услови кога приходите не успеаја да го достигнат нивото од претходната споредбена година.

Единствено што како појаснување го дава компанијата е дека приходите се намалиле поради пониската цена на маслото за јадење во 2023 година, во однос на „страшната“ 2022, кога цените на зејтинот достигнуваа фантастично високи вредности, а кои беа и двојно поголеми од сегашните. Притоа, веројатно сите знаат дека „Витаминка“ од поодамна ја купи фабриката „Брилијант“, па сега во нејзиниот асортиман е и производството на зејтин, кој, пак, го задржа својот добро познат бренд на пазарот.

Иако се намалени за девет проценти, оперативните приходи на компанијата биле сосема солидни и изнесувале 56,6 милиони евра. Од нив најголем дел отпаѓаат на приходи од продажба и тоа 55,5 милиони евра, што е сниожување за 10 проценти во однос на 2022 година.

Ако подетално се гледаат приходите, токму она што загрижува е падот на приходите на домашниот пазар. Имено, тие изнесувале 34,6 милиони евра, и во однос на една година претходно се намалени за 16 проценти.

Од извоз, пак, односно од продажбата на „Витаминка“ во странство се остварени приходи од 20,9 милиони евра, што е раст за три проценти.

„Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98 отсто, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година за извештајниот период бележат пад од 10 отсто. Падот на вкупните приходи е во корелација со оперативното работење за извештајниот период и најголемо влијание има падот на цената на маслото за јадење“, се вели во образложението кое компанијата го испратила до Македонската берза.

Компанијата лани имала намалени расходи, и тоа за повисок процент од мнамалувањето на приходите. Или, нејзините вкупни трошоци изнесувале 54,6 милиони евра, што е намалување за 16 отсто во однос на лани.

Најголем расход се трошоците за суровини, кои во однос на 2022 година се намалени за 23 отсто.

А, „Витаминка“, која јасно кажува дека лани немала нови вработувања, сепак ги зголемила трошоците за плати, што значи дека ги зголемила платите на своите вработени. Тие лани изнесувале 7,9 милиони евра и се зголемени за 18 отсто во однос на една година претходно.

Како резултат на сето ова е остварена оперативна добивка од 2,3 милиони евра, и тука има еден неверојатен податок во Билансот на успех, а тој е дека оперативната добивка е зголемена за фантастични 3.647 проценти, а од истиот тој документ не може да се сфати на што се должи овој огромен пораст.

Во делот на финансиските приходи, тие биле незначителни и изнесувале само 82 илјади евра што во однос на претходната година е пад за дури 93 проценти, а финансиските расходи тежеле 1,1 милиони евра и кај нив има раст од 49 проценти.

Па, како резултат на сето ова, добивката по оданочување е 1,11 милиони евра, односно таа е зголемена за 130 проценти во однос на 2022.

Компанијата известува и за инвестиции, околу 1,6 милиони евра, и генерално инвестицијата се однесува на купувањето на опрема, недвижен имот, градежна реконструкција и адаптирање.

Вкупните единечни обврски по долгорoчни и краткорочни кредити на 31.12.2023 година изнесувале над 24 милиони евра и во споредба со состојбата една година претходно, бележат пад од 9 проценти.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност