Запознајте го најмладиот милијардер во светот: Има 26 години и е од Европа!
Објавено во: Финансии 21 Март, 2017
Вчера на 101 година почина најстариот милијардер во светот Дејвид Рокфелер.
Во меѓувреме изгрева ѕвездата на новиот најмлад милијардер во светот, кој го измести во листата на Форбс досегашниот водач со години Иван Шпигел-креатор на Ѕnарсhаt .
Новиот најмлад милијардер во светот се вика Џон Колисон и е од Ирска. Тој е основач на Ѕtrіре - компанија која го разработи системот за порамнувања, користен во многу области.
Колисон има 26 години и е два месеци помлад од Шпигел. Неговото богатство се проценува на 1,1 милијарда долари, додека богатството на основачот на Ѕnарсhаt е 4.3 милијарди долари.
Новиот најмлад претприемач милијардер се најде на листата, откако во ноември неговата компанија Ѕtrіре собра 150 милиони долари финансирање, кое и даде пазарна оценка од 9,2 милијарди долари.
„Оваа трансакција го претвори Колисон во најмладиот милијардер во светот“, пишува Форбс.