ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома
Објавено во: Свет 20 Април, 2024
Многу Полјаци се вратиле во родната земја. Триста илјади Полјаци се вратиле дома во последниве три години.
Поради пандемијата и Брегзит, 160.000 ја напуштиле Велика Британија. Оваа држава беше нивното главно прибежиште за подобар животен стандард. Во отсуство на официјална статистика, полските власти велат дека за 20 години колку што Полска членува во ЕУ, се вратиле околу милион граѓани.
На 1 мај 2004 година, Полска и уште 9 земји се приклучија на Унијата, зголемувајќи го бројот на земји-членки на 25. По пат на референдумско изјаснување, 77,5 одсто од граѓаните гласаа за интеграција во европските структури.
Фото EPA-EFE/Albert Zawada