ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје
Објавено во: Балкан 19 Април, 2024
Српскиот претседател Александар Вучиќ даде свое мислење и за изјавата на македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница.
Toj вели дека тоа е благодарност за сето она што го направиле за Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.
„Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Северна Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја“, изјави Вучиќ во гостувањето во Дневникот на ТВ Пинк.
Тој додаде дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во Генералното собрание на ОН.