ВУЧИЌ ПОВТОРНО ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ДО ВЛАДАТА СМРТНА КАЗНА: Убијците на Данка мислеле дека ќе останат неказнети
Објавено во: Балкан 06 Април, 2024
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во програмата на ТВ Информер накратко зборуваше за убиството на малата Данка Илиќ и рече дека сторителите на делото мислеле дека ќе останат неказнети.
– Тоа е се што можам да кажам. Во нашата земја има безброј луѓе кои знаат се за ова и за другите злосторства, би било премногу да зборувам за тоа. Јас ќе кажам нешто друго. Своевремено јавно се залагав да се размислува за повторно воведување на смртната казна, а да не бидеме казнети. Овој чин заслужува смртна казна. Ќе го повторам тоа барање до Владата на Србија, нека го разгледа – рече Вучиќ.
-Оправдувањата на оние кои се против смртната казна се сериозни. Ако еднаш згрешите, а после 10 или 30 години се утврди дека сте згрешиле, тоа е многу поголем грев отколку некому да му дадете помала казна.