28 Април, 2024
0.0280

Време е да дознаеме кој е најдобриот бармен во регионот

Објавено во: Мои пари 12 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Schweppes ве поканува на натпревар во правење коктели

Вистинските љубители знаат дека зад совршено подготвен пијалак има нешто многу повеќе од техника – има љубов и неизмерна страст. Токму затоа, Schweppes ги поканува сите оние што во себе ја имаат страста да се пријават на јубилејниот, петти по ред, натпревар за најдобар бармен и да ги покажат своите вештини пред регионот.

Во изминатите четири години, на овој натпревар поминаа повеќе од 200 бармени.

Работата на барменот е техничка вештина и бара повеќе истовремени таленти. Совршениот коктел се создава во симбиозата на одредени делови од хемијата и гастрономијата но, исто така, и вештината на правење коктели во голема мера зависи и од креативните, естетски, како и презентерски способности. Schweppes долги години ги поддржува бармените во регионот, и им помага да ги истакнат своите вештини преку натпреварот ’Mixology Session‘ во правење коктели“, рече за оваа пригода Александра Тодоровиќ, менаџерка за маркетинг во компанијата Coca-Cola.

Натпреварот ќе се одвива во две фази. Првата фаза подразбира пријавување на натпреварувачите со праќање рецептура, по што секој натпреварувач ќе биде поканет на еден од регионалните квалификациски натпревари што ќе се одржат во Белград, Нови Сад, Крагуевац, Златибор, Скопје и во Подгорица. Натпреварот „Schweppes Mixology Session“ е отворен за сите полнолетни активни бармени, а заинтересираните може да се пријават на www.schweppesmixology.com во периодот од 11 март до 3 април.

Втората фаза е големото финале закажано за крајот на мај, на кое ќе дознаеме кој е регионалната ѕвезда на миксологијата за 2024 година. Најдобро пласираните од одделните региони добиваат патување во Атина на познатото „Athens Bar Show“, додека, пак, победникот на балканското финале го очекува незаборавно седумдневно патување во Лондон и можност за усовршување на вештините преку обука со европските амбасадори на Schweppes, но и за стекнување работно искуство во најпопуларните коктел-барови во Лондон.

„Со нетрпение очекуваме да откриеме кои граници ќе ги поместат натпреварувачите со својата креативност оваа година. Ве покануваме да ни се придружите во празнувањето на миксологијата како уметност и заедно со нас да ја следите потрагата по најдобриот меѓу најдобрите“, заклучи Александра.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг