26 Април, 2024
0.0289

(ГАЛЕРИЈА) ВОДНО ОСЛОБОДЕНО ОД ВОЗИЛА - РАДОСТ И ЗА ДЕЦАТА И ЗА ВОЗРАСНИТЕ

Објавено во: Македонија, Галерија 25 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Бесплатниот автобуски превоз до Средно Водно кој почна да се применува од денеска и сончевото време привлекоа голем број граѓани да го поминат денот на чист воздух и во природа. На Средно Водно со автобус се качи и градоначалникот Петре Шилеговкој ги промовираше поставените детски едукативни инсталации наменети за најмладите, за подигање на нивната еколошка свест и култура. Градот Скопје, детски едукативни инсталации на тема „Во имагинарниот свет на децата“ постави на три локации, во паркот „Македонија“, во Градскиот парк и на Средно Водно.


- Овие инсталации како објекти во јавен простор со високи естетски вредности очекуваме да придонесат кон подобрување на културните навики кај децата и нивниот однос кон јавните добра и површини. Нашите заложби се здрава животна средина и чист простор за спорт и рекреација. Денеска го ослободивме Водно од возилата. 

Во согласност со забраната за движење возила до Средно Водно за време на викендите и државните празници која започна денеска, тука пристигнавме користејќи го јавниот автобуски превоз којшто на почетокот е бесплатен за време на забраната. Обезбедивме и бесплатен паркинг за возилата во непосредна близина на почетните автобуски постојки. Дополнително, потенцирам дека оваа мерка не го решава проблемот со загадувањето на воздухот. Оваа мерка има за цел заштита на природните убавини на Водно, повеќе простор и почист простор за одмор, спорт и рекреација – рече денеска градоначалникот Шилегов.


Градот Скопје од денеска воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно која ќе важи секој викенд и за време на државните празници, и тоа во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно Градот Скопје воведе 2 (две) нови пробни автобуски линии што сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите се полнат со патници на почетната станица и возат без застанување до Средно Водно. Едната автобуска линија тргнува од пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората тргнува од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат).


Покрај 2. (двете) нови пробни автобуски линии, граѓаните можат непречено да ја користат и постојната автобуска линија – линијата со број 25 до Средно Водно.

Возењето на овие три автобуски линии (25, 25А и 25Б) на почетокот ќе биде бесплатно. Во пресрет на граѓаните, Градот Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).

Забраната за движење моторни возила до Средно Водно нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.

Можеби ќе ве интересира

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува