27 Април, 2024
0.0269

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Објавено во: Економија 29 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Деловната банка со најголемо учество на пазарот на кредитирање физички лица им фрли ракавица на најголемите конкуренти. Банката префрли во капитал 40 милиони евра. Со тој потег ја бетонира својата пазарна позиција, ги исполни сите барања на централната банка. Со еден потег делува на две полиња. Прво е тоа што може да го зголеми кредитирањето и да ја зајакне конкренцијата со другите големи. И друго, но за акционерите прво и најважно обезбеди „виза“ да ја подели во дивиденда добивката за 2023 година која изнесува над 56 милиони евра!

„Стопанска банка Скопје“ и официјално одлучи да „фрли ракавица“ на големите конкуренти и да го зајакне кредитирањето. Во капиталот вбрзига 40 милиони евра од нераспределите акумулирани добивки. Со тоа исполни услови банката да го зголеми кредитирањето, но направи и нешто друго.

Создаде предуслови за акционерите да ги зголемат своите очекувања за претстојна дивиденда од нивните вложувања во акции на „Стопанска банка Скопје„.

Како што веќе пишувавме исразено со речникот на градежниците тие 40 милиони евра ќе бидат армирано-бетонска конструкција на и така силната (капитална н.з.) статика на оваа голема банка. А тоа само по себе е многу квалитетна и позитивна ценовно чувствителна информација. Затоа што на таа акција во иднина и дава голем потенцијал за раст кој е резултат на пазарниот капацитет на банка.

И сега најважното прашање : што со добивката од 56,43 милиони евра остварена во 2023 година?

Суштината на објавата достапна на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=66538 (поточно точка 2 н.з.) всушност води до тој заклучок.


Со инвеститорски речник кажано сега банката ја отвори портата за да донесе одлука за поделба на дивиденда во значаен износ, а при тоа Централната банка да не може да најде никаква замерка.

Затоа што адекватноста на капиталот е значајно поддржана со инфузијата од 40 милиони евра кои веќе нема да бидат достапни за акционерите. Но затоа пак ќе нема пречки акционерите да добијат солидна дивиденда од добивката вредна над 56 милиони евра остварена во 2023 година.

А доколку ја подели во целост таа добивка во дивиденда тоа би дошло и до 3 евра во бруто износ. А акционерите на „Стопанска банка Скопје“ постат односно се воздржуваат од поделба на дивиденда три години... 

Евентуално извесна пречка за реализација на вакво сценарио би можела да биде недефинираната позиција и отвореното прашање на најголемиот акционер со имателите на приоритетни акции.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба