Добивај вести на Viber
Во дводневна посета на општина Виница на покана на Здружението на пчелари „Матица“ престојуваат десетина пчелари од Општината Сежана од Република Словенија.
Во рамки на средбата е потпишан меморандум за соработка со кој се продлабочува соработката на двете пчеларски здруженија.
- Договорено е словенечките искуства да бидат презентирани преку средби, јавни трибини и едукативни предавања на терен, изјави Илчо Костадинов, претседател на здружението на пчелари „Матица“ од Виница.
Исто така е договорен и настап на виничките пчелари на саемот на медот кој во октомври се одржува во Сежана. Пчеларите од Словенија беа примени и од градоначалникот на општина Виница Емил Дончев, а посетија и неколку пчеларници во подплачковичките села каде што се произведува органски планински мед.