16 Мај, 2024
0.0276

(ВИДЕО) Мајка застрела разбојник

Објавено во: Свет 14 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Четириесетидвегодишна мајка чекајќи го своето дете пред основно училиште во Сао Паоло, Бразил, уби натрапник којшто со пиштол се обидел да ги ограби присутните деца и родители.

Драматичните снимки од безбедносните камери покажуваат како полицајката, која во моментот не била на должност, го застрелала осомничениот три пати откако тој посегнал да го зграби паричникот и телефонот на еден човек.

Осомничениот, именуван како Еливелтон Невес Мореира, бил погоден во градите и нозете и починал од повредите откако бил пренесен во болница, тој при падот испукал неколку куршуми.

Инцидентот се случил во саботата во Сузано, Сао Паоло, за време на настан по повод одбележувањето на Денот на мајката.

Полицајката, подоцна им рекла на колегите: „Не знаев дали ќе пука во децата или во мајките или во чуварот на вратата на училиштето. Само размислував да ги одбранам мајките, децата, мојот живот и животот на мојата ќерка“.

Полициската станица ѝ оддаде почит на Катја со букет цвеќе, а гувернерот на Сао Паоло, Марко Франца, рече дека покажала „умешност, техника и храброст“.

Тој додаде: „Не е идеално што почина осомничениот. Ние би претпочитале тоа да не се случеше. Но тоа е предупредување до оние што земаат пиштол дека би можело да бидат убиени, бидејќи нашите професионалци за безбедност се добро обучени за заштита на јавноста“, додаде гувернерот.


Можеби ќе ве интересира

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател