(ВИДЕО) ЛАВАТА СТИГНА ДО ОКЕАНОТ: Oпомена за нова опасност
Објавено во: Свет 21 Мај, 2018
Луѓето на Хаваите, кои се соочуваат со ерупцијата на вулканот Килауеа, предупредени се за нова опасност.
Локалната цивилна служба ги предупреди возачите, сопствениците на чамци и другите жители дека лавата помина преку дел од автопатот на Големиот Остров, но и на опасноста од испарувањето на сулфур диоксид.
Лавата веќе стигна до океанот, каде што може во контакт со водата да создаде отровни гасови.
Вулканот Килауеа на Хаваите од 11 мај е повторно активен.
Килауеа е еден од најактивните вулкани на светот. Ерупцијата од 1924 година уби едно лице, а вулканот 17 дена исфрлаше камења, пепел и прашина.
Тој има постојани ерупции од 1983 година и е еден од петте вулкани на хавајскиот Голем Остров.