(ВИДЕО) Лавата на Хаваи „голта“ куќи и улици
Објавено во: Свет 24 Мај, 2018
Жителите на Хаваи во очај гледаат како вжештената лава ги „голта“ куќите и улиците.
„Живеам погоре и веќе сè си собрав, дојдов само да се поздравам со соседите за последен пат“ - вели Лори Круз чиј дом на Хаваите е уништен од лава од вулканот.На видеата кои се појавија може да се видат беспомошните жители како стојат и гледаат што се случува.
Вулканот Килауе веќе недела дена беснее, а локалните власти го вклучија црвениот метео аларм.