(ВИДЕО) КУРТИ ОБЈАВИ СНИМКА: Вели дека српски специјалци се близу границата
Објавено во: Балкан 22 Март, 2024
Косово тврди дека српски специјалци биле близу границата.
Косовскиот премиер Албин Курти објави дека вчера, на неколку метри од границата на Србија со Косово е забележано движење на српски специјални единици. Курти напиша дека оваа акција на српските сили уследи откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ јавно му се закани на Косово, со пораката дека „Србија го чека најдобриот можен момент“ за да се избори „за својата кауза“.
Курти вели дека припадниците на српските сили се видени во близина на селото Бање во Зубин Поток, а слични движења се регистрирани и во селото Осларе во Бујановац, во близина на границата со Косово.
Курти вели дека вооружените сили на Србија користат наводни редовни вежби, како изговор за да предизвикаат намерни провокации.
„Внимателно набљудуваме дали ќе се обидат да ја преминат границата, бидејќи ваквото приближување на нивните воени возила не е нормално“, напиша Курти.
Лани се случи нападот во Бањска во северно Косово, каде српска вооружена група уби косовски полицаец, а загинаа и четири лица од групата.