(ВИДЕО) АВИОН ПРИНУДНО СЛЕТА: Повредени се 53 патници
Објавено во: Свет 22 Мај, 2018
53 луѓе се повредени денеска, од кои еден посериозно, при принудно слетување на авион на компанијата „Сауди Ерлајнс“ во саудискиот град Џеда.
Авионот од типот „Ербас А330“ полетал од Медина кон главниот град на Бангладеш, Дака, со 140 патници и 10 членови на екипажот, но пилотите набрзо воочиле проблем во хидрауличниот систем, соопшти Бирото за истраги во цивилното воздухопловство на Саудиска Арабија.
„Педесет и двајца од нив се полесно повредени, а една патничка има неколку фрактури и во моментов добива медицинска нега“- информираа од Бирото.
За случајот е започната истрага. Според саудиските медиуми, авионот долго време кружел над аеродромот во Џеда пред да го изврши принудното слетување.