13 Мај, 2024
0.0252

Венизелос: Новиот данок ќе го сврти целото општество против Владата

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Грчката влада е подготвена да ублажи некои од законите за даноци кои предизвикуваат несогласувања во коалицијата која ја сочинуваат трите партии, откако синоќа во Брисел, грчките власти ги информирале челниците од еврозоната за планот за откуп на обврзниците. Министерството за финансии соопшти дека ќе откупи обврзници по минимум 30,2 до 38,1 проценти од цената и максимум 32,2 до 30,1 отсто од вкупниот износ во зависност од доспевањето. Целта на овој план е да се намали грчкиот долг за околу 20 милијарди евра. Сепак откако заврши состанокот на еврогрупата, нејзиниот шеф Жан Клод Јункер појасни дека нема да се носат одлуки за доделување на следната транша за Грција се додека не заврши откупот на обврзниците, а најави и дека следниот состанок е закажан за13 декември кога треба да се финализира одлуката. Во меѓувреме во се разговара за новиот предложен данок како една од целите кои ги бараат кредиторите пред да доделат уште финансиски средства на почетокот од следната година. Коалициските партнери ПАСОК и Демократската левица се против најновите планови годишните приходи над 26 илјади евра да се оданочуваат со 45 проценти, а како што изјави за грчките медиум претседателот на ПАСОК Евангелос Венизелос, новиот данок ќе го сврти целото општество против Владата. „Луѓето не можат да го плаќаат тоа. Мора да најдеме алтернативи. Нема шанси законот за данок да дојде до Парламентот во сегашната форма“, изјави лидерот на Демократската левица Фотис Кувелис.  

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени