26 Април, 2024
0.0292

Утре ќе се одржи промоција на книгата Забранета Магистратура

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

„Забранета магистратура“ е книга на авторот Александар Попоски која ќе се промовира на 19ти октомври, четврток, во хотел „Александар Палас“ од 18.00 часот.

Книгата „Забранета магистратура“ првично е пријавена како магистерски труд на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со наслов: „Системски ризик и санација на банкарските системи – вовед кон паралелна приватизација во Република Македонија, со посебен осврт на „Стопанска банка“ А.Д. Скопје, улогата на правниот систем и институциите на државата“.

„Иако пријавените тези од овој магистерскиот труд беа успешно одбранети на Економскиот факултет на 26 декември 2014 година, сепак, целосното истражување во голем дел беше цензурирано и повеќе од преполовено. Од истражувањето се отстранија многу составни делови, истражувачки стории, пет студии на случај кои ги поткрепуваа тезите на истражувањето, како и сите материјални докази кои беа ставени како прилози на магистерскиот труд и студиите на случај, за кои сметам дека се од национално значење.“ вели авторот Александар Попоски.

Во книгата е дадена теоретска и практична подлога на појавите на системски ризик и финансиски кризи во различни економии, политики и механизми за справување со системски ризици и финансиски кризи, политики и модели за враќање на солвентноста во економијата, банкарски санации во повеќе земји од светот со различен степен на финансиско-правна и политичко-демократска развиеност (компаративни анализи – од најразвиени земји до транзициски економии), како и санацијата на банкарскиот систем во Република Македонија и улогата на целокупниот правен систем и институциите на државата преку анализа на повеќе студии на случај од македонската економија.

„Конкретно, се работи за книга која опишува делови од процесите на македонската транзиција и фамозната приватизација, поточно на еден феномен кој во книгата е дефиниран како „паралелна приватизација“ во Република Македонија која се појави како резултат на санацијата на банкарскиот систем по нејзиното осамостојување, слабите правно-судски институции и основањето на Агенцијата за санација на банки, која го презеде управувањето со повеќе од 400 општествени претпријатија. Или како што ќе каже еден народен пратеник во законодавниот дом: „…Синонимот на македонската трагедија во овие дваесетина години…“ додава Попоски.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“