15 Мај, 2024
0.0268

УНИБанка воведува “3D Secure” технологија за поголема сигурност при интернет плаќања со картички

Објавено во: Мои пари 03 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

„УНИБанка” воведува 3D Secure технологијасо што обезбедува дополнителна заштита на своите клиенти при интернет плаќања со картички. 3D Secure технологијатапретставува превенција од злоупотреби при интернет плаќања преку користење на највисоко ниво на автентикација на клиентите корисници на картички. Заштитата на клиентите се заснова на динамички метод на автентикација на корисникот на картичка, кој се реализира со користење на еднократна лозинка – ОТП лозинка. Клиентите ќе ја добиваат ОТП лозинката преку СМС порака на мобилен телефонски број регистриран во банката и истата е валидна само за конкретната интернет трансакција. Оваа технологија ќе се применува на плаќањата со Mastercard и Visa картички.

“3D Secure” технологијата не го менува начинот на плаќање преку интернет,но додава дополнителен чекор, кој овозможува проверка на идентитетот на корисникот на картичката. Покрај стандардните податоци кои се потребни за плаќање на интернет, кај трговци кои учествуваат во програмите за сигурност Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verfied by Visa, ќе биде потребно и внесување на ОТП лозинка. Со цел непречено извршување на интернет плаќањата, неопходно е клиентите да го ажурираат својот мобилен телефонски број во било која експозитура на банката.

Новата технологија, која обезбедуванајвисоко ниво на заштита на клиентите, е бесплатна за сите корисници на картички издадени од УНИБанка АД Скопје и за нејзино користење не е потребна дополнителна регистрација. 


Можеби ќе ве интересира

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија