19 Мај, 2024
0.0254

УГОСТИТЕЛИТЕ ПОРАЧАА - гостите ќе бидат безбедни во нашите локали

Објавено во: Економија 13 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Туристичко угостителската комора ќе почне кампања која се очекува да даде сериозна поддршка за секторот и да се постават нови стандарди за работа, со цел долгорочно да се придонесе за подобрување на состојбата во угостителството. 

Потпретседателот на комората, Мартин Ангеловски, вели дека членовите на комората ја следат работата на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и ги почитуваат стручните препораки кои ги дава комисијата. 

Угостителите, велат од комората, покажаа свесност и подготвеност да работат со полно работно време, при што ќе обезбедат највисоки безбедносни стандарди за секторот да работи сигурно и со соодветни мерки за заштита, како на вработените, така и на гостите.

„Се наоѓаме во фаза во која по долг период постепено се олабавуваат рестриктивните мерки и на луѓето им е неопходна интеракција и движење. Во таа насока сакаме да делуваме превентивно и да покажеме дека граѓаните ќе бидат безбедни во нашите објекти, бидејќи ќе се обезбеди контролирана средина каде ќе се делува на социјализација со соодветна дистанца и примена на највисоки стандарди на хигиена. 

Сакаме да апелираме до сите посетители, од моментот на релаксирање на рестриктивните мерки, да се однесуваат одговорно, заштитувајќи се и себе и другите, да се придржуваат кон правилата кои ги диктира состојбата, за да не се доведе никој во дополнителен ризик. 

Имајќи го  предвид сето ова, се надеваме на што поскоро отворање на секторот, од кој зависи добар дел од нашата економија и постепено да се навикнуваме на новиот начин на живот“, истакна Ангеловски.

Туристичко угостителската комора при ССК, велат, прзема силна иницијатива за заживување на секторот и сите поврзани дејности и субјекти. Во тој правец ќе почне позитивна кампања која ќе придонесе за подобрување на економијата во наредниот период.

„Сведоци сме дека секторите угостителство и туризам се соочуваат со големи предизвици, за таа цел ја најавуваме оваа кампања, пред да биде предоцна за реакција, односно пред да почнат да се носат одлуки за затворања на компаниите кои според глобалните анализи во овој сектор би биле од 15 до 35 отсто. За таа цел, Ви го претставуваме сетот на мерки кои ќе се отпочнат со оваа кампања, за кои се надеваме дека ќе наидеме на поддршка и од страна на надлежните институции“, рече Ангеловски.

Таа ќе се спроведе преку сите електронски и печатени медиуми, социјални мрежи, се со цел да допре до пошироката јавност и ќе се однесува на  поддршка на националните производи – препораки за користење на домашни производи и услуги од компании во секторот угостителство; поддршка на националниот туризам - за хотелите и сместувачките капацитети, како и развој на алтернативниот туризам; поттикнување на социјална одговорност преку континуирано донирање на оброци како и овозможување на бесплатно сместување за социјално најранливите категории; поддршка за лицата кои се вработените во овие сектори како и поддршка за угостителството со  промоција на  иновативни идеи како гифт-кард за користење во угостителството, централизиран и олеснет пристап до услугите за испорака на производи, насоки за прилагодување на корисниците на услуги кон мерките во пост-корона периодот, како и сеопфатна кампања за враќање на гостите во угостителските објекти. Со оваа сакаат да дадат до знаење дека угостителството започнува и завршува со пријатното искуство на секој гостин.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа