02 Мај, 2024
0.0282

One Man Show! Кој е кумановецот чии фирми лани направија приход од 124 милиони евра?

Објавено во: Економија, Анализа 16 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Еве можело. Еден кумановец преку директно управување и посредно менаџирање на своите четири фирми лани успеа да направи агрегатен приход што надминува 124 милиони евра. Дури три од неговите фирми се во петте најголеми компании во најголемата македонска општина - единствена што има повеќе од 100.000 жители. 

Каранфиловски упорно докажува дека и во Македонија и не е се така црно, лошо, корумпирано, неспособно и партиски зависно... Има и такви кои имаат визија, знаење, енергија и вештини да водат фирми кои прават големи пари за наши услови. Навистина треба да си калибар за да ја засениш целата бизнис елита во најголемата општина во Македонија. Да контролираш директно и посредно четири фирми и нивниот кумулативен приход да надминува 120 милиони евра. И при тоа да не се сликаш со политичари, министри, премиери и амбасадори.

Тоа е дострел на кој „се влажнат“ многумина менаџери или бизнисмени во земјава. Но ретко кој е калибар да оствари таков таргет. Иако во бизнис круговите знаат за кој се работи, овој кумановец за жал е анонимен за општата македонска јавност на која редовно и во големи дози и се сервира само дневна политика.

Тони Каранфиловски е менаџер и сопственик на неговата матична „хенд мејд“ фирма „Квалитет пром“, а е косопственик со братот Дејан во „ДЕТ ОИЛ“. Преку овиe две фирми одлучува и за деловните потфати на ФЗЦ „11 Октомври“ Куманово и за „Рапид Билд“. Лани неговата работа во четирите фирми оствари приход што надмина 124 милиони евра.

Воедно и на листата на напрофитабилни кумановски компании (тие што имаат добивка поголема од 1 милион евра) две се на семејството Каранфиловски, а меѓу најдобитните лани е и позната месна индустрија „Мега“ која се врати во нормала по силната оркестрирана хајка со политички примеси од пред неколку години. На листата најдобитни е и најголемата кумановска индустрија за производство на млечни производи.

Генерално листата на најголеми кумановски компании покажува дека овој голем македонски град има силна и разноврсна индустрија, но и силни компании од услужните дејности.

НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО КУМАНОВО (според приход во 2022 година)

НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ ВО КУМАНОВО (според профит во 2022 година)

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија