19 Мај, 2024
0.0359

Туристичката комора ќе бара обештетување од државата

Објавено во: Економија 10 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Туристичката заедница на Македонија ќе бара финансиско обештетување од државата поради тоа што долго време е принудена да не работи со своите капацитети, најави Емил Димитровски, претседателот на Стопанската комора за туризам.

Ова барање Димитровски во интервјуто за РСЕ го најавува како дел од третиот сет мерки што го планира Владата и вели дека со обештетувањето ќе му се даде поттик на туристичкиот сектор да ја преживее оваа година. 

- Стопанската комора за туризам секогаш се концентрира конкретно на оперативата и на мерките коишто лесно може да се изведат. И во овој дел бараме мерки кои нема многу да задираат во буџетот на Македонија, бидејќи си ја знаеме состојбата во државата, но сепак во третиот сет на мерки што планираме да го бараме, прво чекаме целосно да се пушти во функција стопанството и потоа ќе бараме обештетување, бидејќи одредени компании навистина нема да може да издржат во понатамошниот период, бидејќи економската криза ќе се прелее и во другите месеци. Ние најлошото во економијата се уште не го немаме видено во туристичката гранка и сметаме дека тогаш со обештетувањето ќе се даде поттик, импулс да може да се преживее оваа година, па од 2021 да работиме нормално, вели меѓудругото претставникот на туристичката комора.

Покрај тоа, тој апелира за побрзо отворање на ресторантските надворешни делови на хотелите, барем на оние што се надвор од градовите. За туристичките превозници се бара ослободување на дел од регистрација преку ваучер-систем за наредната година, бидејќи веќе два-три месеци автобусите се во мирување, немаат никаков прилив

Едно од барањата е и бонитетот за 2021 за успешност на фирма за учество на тендери да не се смета од 2020, туку од 2019 за да може и компанија која би западнала во финансиски проблеми да биде рамноправна, а од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на сите компании да им ја покрие целосно промоцијата за враќање на странските туристи.



Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници