02 Мај, 2024
0.0290

Туристичка агенција од ДИК заработи 450.000 евра за гласање на само 1.782 иселеници

Објавено во: Финансии 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно 457.000 евра заработила туристичката агенција која ги пренесувала авионски организаторите на ланските претседателски избори во дијаспората, на кои за гласање се пријавија само 1.782 гласачи. Дополнително, од нив, во вториот круг за Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова гласале само 814 иселеници.

„Отворени финансии“ покажува дека Авиотурс Травел Сервис за првиот круг од гласањето добила 243.902 евра, додека за вториот круг 213.338 евра. Парите од страна на Државната изборна комисија им биле исплатени лани во текот на јуни, односно по завршувањето на претседателските избори.

ДИК претходно најави дека за остварување на правото на глас на иселениците, од земјава ќе бидат ангажирани 256 лица за кои треба да се обезбеди превоз, сместување, како и надомест на трошоци.

- Тоа се сумите за двата круга еден по друг какви што има само за претседателските избори. Тие услуги практично не се за членовите на комисијата, туку за номинирани партиски членови од одборите и избраници од дипломатијата кои патуваат за да ги подготват изборите во странство, ни одговорија од ДИК.

На претстојните претседателски избори своето право на глас првпат го оствари и дијаспората. Критериумите за гласање ги исполнија Абу Даби, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Вашингтон, Венеција, Виена, Детроит, Загреб, Истанбул, Камбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, Мелбурн, Минхен, Њујорк, Осло, Отава, Париз, Прага, Приштина, Рим, Сараево, Стокхолм, Торонто, Хаг и Чикаго.

Самиот ДИК за последниот изборен циклус призна дека предвидено е да издвои 30 милиони денари или околу пола милион евра за само 1.782 гласачи, односно, секој глас на иселениците да чини најмалку 300 евра. Поради ваквата математика, првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски, уште тогаш напомена дека е потребна промена на изборниот законик.

Авиотурс Травел Сервис бил исплатен и во 2018 за референдумот за истите услуги. За еден круг на гласање била исплатена со 113.612 евра. Ова се убедливо највисоки суми што ги добива овој оператор за кој било друг државен барател на услуги. Години наназад другите приходи од јавни набавки се значително помали.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција