ТУКА НЕ Е УКИНАТА СМРТНАТА КАЗНА: Осум луѓе осудени на смрт поради тероризам
Објавено во: Свет 13 Мај, 2018
Судот во Иран пресуди со смртна казна. Осум луѓе се осудени на смртна казна поради поврзаност со нападите на Исламска држава минатата година.
Тие се прогласени за виновни за помагање на петмина екстремисти од Исламска држава, кои го нападнале парламентот и светилиштето на иранскиот водач ајатолахот Рухолах Хомнеи.
Во тие напади во јуни минатата година, биле убиени 18 луѓе, а над 50 повредени. Иранските сили за безбедност тогаш ги усмртиле напаѓачите.