02 Мај, 2024
0.0344

ТРКА ПО ПАРИ: Со платата го одржуваат домаќинството, а секој денар плус го трошат за да си дозволат нешто повеќе

Објавено во: Економија 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Многу македонски граѓани кои се вработени, работат и хонорарна, дополнителна работа со флексибилно работно време, која ќе им донесе заработка плус.

Овие граѓани објаснуваат дека со платата ги покриваат основните трошоци за живот, купуваат храна и плаќаат сметки, а парите заработени од друг ангажман ги трошат за да си дозволат нешто повеќе, како одење на одмор или да излезат за викенд надвор од градот или државата. Дополнителните приходи им влеваат одредена сигурност дека ако останат без работа, ќе имаат макар и минимален прилив на пари додека да најдат нова работа. Трошоците за живот се високи и граѓаните се во трка по работа и по пари, со цел да ги задоволат потребите.  Велат дека не е лесно, но принудени се да бараат и друг извор на приходи освен платата.

„Вработена сум веќе 17 години. Во тој период, кога имав шанса за дополнителна работа, истата ја користев. Има периоди кога хонорарна работа нема, но има и периоди кога лесно се наоѓаат хонорарни ангажмани. Обично ми се случувало во текот на летните одмори или во зима околу празниците во јануари, да нема ангажмани од причина што во тој период луѓето слават. Таа хонорарна заработка ми значи и ми овозможува да си дозволам некое патување плус или дури и ако не патувам, знам дека месецов ќе заработам  некој денар повеќе, нема да зависам само од платата, а знаеме дека платите во Македонија не се доволно високи за удобен живот. Имам познаници и пријатели кои го прават истото, работат и дополнителна работа ако се укаже прилика. Едноставно трошоците за живот растат постојано и мораме да се снаоѓаме. Сметајте дека има семејни луѓе кои земаат плата од 25.000 или 27.000 денари и тие пари не се доволни за пристојно живеење“, вели наша соговорничка.

Социологот Лилјана Полевска објаснува дека и во иднина ќе има сè повеќе такви примери.

„Високите трошоци и ниските плати и пензии ги принудуваат луѓето да работат, за да можат да опстанат, да си покријат сметки, да купат лекови и да имаат достоинствен живот. Има луѓе во средни години и пензионери кои работат нешто плус“, додава Полевска.

Младите работат на две, а понекогаш и на три работни места за да си дозволат квалитетно живеење. Ова го соопштија лани од Македонската платформа против сиромаштија. На едно четиричлено семејство му се потребни околу 1.000 евра месечно за да преживее според синдикалната кошничка која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија. Поточно на едно семејство во март годинава му биле потребни безмалку 59.000 денари за покривање на основните потреби. Во огласниците има луѓе кои бараат дополнителна работа која би ја обавувале по 16, 17 часот во работните денови или за викенди. Како што наведуваат во огласите, спремни се да разнесуваат роба, да чистат, да одат на промоции, да делат флаери и слично.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите