27 Април, 2024
0.0280

Третина од британските работници ќе бидат заменети со роботи

Објавено во: Економија 25 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Роботиката и вештачката интелигенција би можеле да загрозат една третина од работните места на вработените во Велика Британија до 2030 година, покажуваат резултатите од истражувањето на консултантско-ревизорската компанија ПрајсвотерхаусКупер (PwC).

PwC во студијата меѓутоа проценува дека пред се ќе се промени природата на некои професии, отколку што тие целосно ќе исчезнат.

Компанијата додава дека автоматизацијата би можела да создаде поголемо богатство и дополнителни работи во голем број сектори на стопанството.

Работните места во производството и во малопродажбата се меѓу најизложените на ризик од новите технологии, се наведува во истражувањето.

Студијата проценува дека 30 отсто од постоечките работни места во Велика Британија се во потенцијално високо ризичната група од автоматизација во споредба со 38 отсто во САД, 35 проценти во Германија и 21 отсто во Јапонија.

Според истражувањето најголем ризик од автоматизација на работните места има за вработените во секторите превоз и складирање (56 отсто), производство (46 отсто), големопродажба и малопродажба (44 отсто), административните и помошните услуги (37 отсто), финансиите и осигурувањето (32 отсто), градежништвото (24 отсто), додека на овој ризик најмалку се изложени вработените во образованието (девет отсто).

Иван Хоуксворт, главен економист на PwC изјави за Би-Би-Си дека мануелните, рутински работи кои успешно можат да се програмираат се најмногу изложени на ризик.

– Професиите кај има повеќе од човечки допир, како што се здравството и образованието ќе бидат побезбедни, додаде тој.

Користењето роботи на одредени работни позиции се зголемува, при што вработените во некои сектори веќе се спротивставуваат на потенцијалните предизвици.

– Веќе можете да видите на железничките станици дека сите тие штрајкови во одредена мера се поврзани и со воведувањето возови без машиновозач, изјави Хоуксворт.

Во иднина, додаде тој и возачите на камионите би можеле да „ја делат работата“ со самовозечките камиони.

– Се на се луѓето ќе мораат да бидат поприлагодливи, порача Хоуксворт.

Британската Влада би требало да им помогне на работниците со понизок степен на образование со тоа што ќе им обезбеди дополнителна обука во следните 10 до 20 години, се наведува во извештајот на PwC.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра