18 Мај, 2024
0.0291

Топ Чанел: Вистинска економска визија на Македонија, странските инвестиции економски ја спасија земјата во кризата

Објавено во: Економија 09 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Албанскиот Топ Чанел во денешната анализа ја пофали економската стратегија на Македонија да се фокусира на привлекување на странските инвестиции. Овие инвеститори го издигнаа извозот на мошне високо ниво, што сега истиот ја спасува економијата на земјата во период на корона-криза и затворање на границите на Европа за се останато освен за производи, објави телевизијата. 

„Србија и Северна Македонија водеа политика за зајакнување на извозот и производството, Целиот регион последниве години беше во жестока конкуренција за привлекување странски инвестиции. Досега има двајца јасни победници во овој натпревар - Србија и Македонија.

Двете држави развија бројни поддржувачки политики за да донесат инвестиции со додадена вредност во информатичката технологија и производството, главно автомобилската индустрија, што ја зголемува продуктивноста на економијата и ја прави поконкурентна. Некои компании, кои се меѓу најголемите работодавци во Македонија, како што е „Џонсон Мети“, влегува со голем процент во извозот.

Недостигот на стимуланси и долгорочна визија на Албанија ги оддалечи овие инвестиции со додадена висока вредност. Денес, Северна Македонија и Србија имаат соодветно извоз на стоки и услуги од странските инвеститори со дури 60 и 51 проценти од бруто домашниот производ, споредено со 31 отсто во Албанија, според официјалните податоци на Европската комисија.

Наместо да се обиде да ја зголеми конкурентноста и продуктивноста, како што тоа го правеа соседите, Албанија во последниве години се ангажираше во низа концесиски проекти и јавно-приватно партнерство, за кои, како што честопати се истакнуваше, не донесоа дополнителна вредност за економијата. покрај големото зголемување на долгот“, пишува меѓудругото Топ Чанел во анализата.



Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа