ТОКСИКОЛОГИЈА: Вработен вршел притисок урина со наркотици да се замени со чиста урина и уште оди на работа
Објавено во: Македонија 22 Април, 2024
Министерот за здравство Илир Демири ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија Данил Петровски затоа што се однесувал опозициски, а бил поставен од Владата. Според Демири тоа е недозволиво.
„Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат и други кадри, лаборанти, сестри и хигиеничарки од кои болницата нема никаква потреба“, изјави професор доктор Нико Беќаровски, раководител на одделот за интензивна нега на Клиниката.
Заедно со лекарскиот колегиум на Клиниката за токсикологија одржа прес-конференција на која објасни дека сите 18 лица за кои се бара вработување не само што не се потребни во болницата, туку дел од нив се проблематични. Едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборантот урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.