Добивај вести на Viber
Моментално во светот има 30 милиони невработени повеќе од пред четири години пред да почне кризата, соопшти Меѓународната организација за труд во Токио. Од 200 милиони невработени во светот, 75 милиони се млади под 25 години, рече генералниот директор на Организацијата Геј Рајдер, во своето излагање пред претставниците на ММФ, пред официјалното почнување на годишното заедничко генерално собрание на ММФ и Светска банка во Токио.