28 Април, 2024
0.0283

СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СО ВАЖНА ОДЛУКА - 40 милиони евра нема да одат за дивиденда, туку за развој на банката

Објавено во: Финансии 27 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

На седницата на Собранието на акционери што ќе се одржи на 28 март годинава, Стопанска банка Скопје треба да донесе одлука за прераспределба на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите.

Станува збор за сума од 2,46 милијарди денари или 40 милиони евра.

Наведениот износ од оваа Одлука не е расположлив во иднина за исплата на дивиденда на акционерите (ограничена за распределба на акционерите) и како таков, во согласност со релевантната важечка регулатива на Народната Банка на Република Северна Македонија, има третман на основен капитал на Стопанска банка АД - Скопје“, сед вели во предлог одлуката за која ќе треба да се изјаснат акционерите на претстојното Собрание. 

Се додава дека наведениот износ од оваа Одлука ја вклучува распределената акумулирана добивка согласно Одлуките за распределба на добивката на Стопанска банка Скопје, во вкупен износ од 2.460.000.000 денари.

Во образложението се наведува дека Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје на своите годишни седници одржани во претходните години, донело релевантни одлукиза распределба на добивка, со кои акционерите расопоредија дел од добивката во акумулирана добивка.

„Со приложената Одлука се предлага акумулиранитедобивки од претходни години, во износ од 2.460.000.000 денари да се прераспределат во акумулирана добивка која нема да биде расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за распределба на акционерите). Наведеното е во согласност со одредбите на Одлуката за методологијатa за утврдување на адекватност на капиталот“, се вели во објавата.

Ова, како што објаснуваат од банката во одлуката, е со цел да обезбеди коефициентот на адекватност на капитал да биде усогласен со регулативните барања пропишани од страна на Народна Банка. 

„Воедно, наведеното ќе биде во поддршка на Деловниот план на Банката  во следниот период. Дополнително, ова ќе го зајакне основниот капитал на Банката преку прераспределба на акумулирана добивка во акумулирана добивка која нема да биде расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за распределба на акционерите) и ќе служи како основа за подршка на деловните и развојните цели на Банката“, се вели во предлог одлуката на Собранието на акционери.

Како што е познато, доминантен акционер на Стопанска банка Скопје е Националната банка на Грција, која рфасполафа со 94,64 отсто од вкупно издадените обични акции на банката.

Исто така, 1.244 физички лица од земјава поседуваат 3,46 отсто од акциите, а исто така и 115 компании односно домашни правни лица, имаат вкупно 1,81 процент од акциите на банката.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување