19 Мај, 2024
0.0305

Стопанска банка и VISA ве носат на Олимписките игри во Париз

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Стопанска банка АД - Скопје во соработка со брендот VISA организираат голема наградна игра во која најсреќните добитници ќе патуваат на Олимписките игри во Париз ова лето.

Наградната игра „Со VISA картички до Париз на Олимпијада 2024“ ексклузивно се организира само за корисниците на VISA картички издадени од Стопанска банка. Таа почна денеска (1 април) и ќе трае до 31 мај. Во неа може да учествуваат сите полнолетни граѓани кои во наведениот период имаат направено безготовински трансакции со VISA дебитна или кредитна картичка од Стопанска банка. Секоја трансакција носи по едно право на учество во извлекувањето. Колку повеќе трансакции се направени, толку се поголеми шансите за добивка. На крајот на наградната игра ќе бидат извлечени двајца најсреќни добитници кои ќе добијат по два авионски билети за патување во Париз и посета на олимписките игри во организација на VISA. Покрај двете главни награди, во наградната игра ќе бидат доделени и 14 штици за веслање (СУП) и 14 мини фудбал игри. 

За правилата на наградната игра може да се информирате подетално на следниот линк.

Извлекувањето на наградите е закажано за 12 јуни, при што добитниците ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со помош на специјален софтвер изготвен за таа намена.

Стопанска банка и VISA им посакуваат среќа на сите учесници во наградната игра. 


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата