18 Мај, 2024
0.1061

СТОП СОРОС: Дали власта креира имагинарни непријатели?

Објавено во: Економија 19 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Отворената борба против невладиниот сектор преку формирање на граѓанската иницијатива Стоп Операција Сорос е обид за дефокус од актуелните политички случувања кои  се однесуваат на кривичната правда, односно на постапките кои се водат против екс премиерот Груевски и другите високи  членови на ВМРО-ДПМНЕ. Не изненадува ваквото создавање на паралелни движења, бидејќи се работи за позната  повеќегодишна пракса  за имагинарни невладини организации кои што постојат  само за одредени потреби на власта- вели за Фактор, Уранија Пировска- извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

 “Не не изненадува ваквото создавање на паралелни движења,  не би ги нарекла невладини организации бидејќи не може да се наречат како такви. Станува збор за востановена пракса. Од секогаш биле користени државните ресурси за да се напаѓаат опонентите на власта, критичарите и сите слободоумни граѓани. Таков беше процесот на лустрацијата. Да не заборавиме дека ги слушнавме прислушуваните  материјали и дознавме како се реализирале изборите, како биле користени министерствата повторно за интереси на партијата на власт. Истото се случува и сега со формирање на ова движење, во услови кога имаме ситуација каде изборите покажаа дека големо мнозинство од граѓаните покажаа дека не сакаат со земјава да владее  коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДИУ.  Да не заборавиме дека на високи партиски функционери им се закануваат кривични санкции, започнати се постапки пред СЈО”-потенцира Пировска.

Власта преку новоформираното движење вели креира имагинарни непријатели, па  оттука движењето  ќе треба да прикаже и презентира што ќе биде јавниот интерес кој ќе го штити со своите активности или за кое што ќе придонесува.

“ВМРО-ДПМНЕ има  повеќегодишна практика да создава движења или имагинарни невладини организации коишто постојат  само за одредени услови и потреби на владејачките партии. ГДОМ беше така формирана. Тие да потсетиме пред изборите дистрибуираа флаер во кој ние бевме наведени како платеници на СОРОС за Шарената револуција, предавници кои работат на уривање на земјава и сл. Борбата против СОРОС е нормално за создавање на имагинарни непријатели и дефокус од другите работи кои се случуваат, а се однесуваат на кривичната правда, односно на постапките кои се водат против високи  членови на ВМРО-ДПМНE”- вели директорката на Хелсиншкиот комитет.

Според Пировска, ова е само начин да се деградира и оцрни работата на  автентичниот невладин сектор кој во услови  кога нема функционирање на институциите, ниту одвојување на партијата од државата се обидува да придонесе за враќање на демократијата.

“Самиот факт дека добиваме се поголем број на претставки од граѓаните кои се однесуваат на судствата, работата на министерствата зборуваат за колапсот на системот на управување во РМ. Автентичниот невладин сектор кој го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ и овие движења кои никнуваат како печурки се залага за слобода на изразување, за слобода на здружување, се залага за  сите чинители кои се неопходни за да постои демократија во една земја. Ова е еден вид на дефокусирање на јавноста,ќе продолжи како  медиумска хајка, сите бевме на некој начин етикетирани”- нагласува Пировска. 

Терминот „десоросоизација“ што прв го употреби екс-премиерот и лидер на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски  на собирот на граѓани пред Државната изборна комисија според неа е база за креирање на насилство, агресија и дискриминација врз неистомислениците на власта.

“И пред и по изборите говорот на омраза е многу изразен, особено со говорите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК. Мислам дека Централниот региостар не смее да се осмели да го  регистрира движењето  како здружение бидејќи во Законот за здруженија и фондации јасно е кажано дека здруженијата не смеат да потикнуваат агресија, дискриминација итн. За дел од написите кои одеа во провладините медиуми поднесовме кривична пријава бидејќи беа злоупотребени нашите лични податоци кои ги има само УЈП. Знаете дека по  прогласот следеа инспекции од УЈП на дваесетина невладини организации. Груевски се раководи  и охрабрува од политиките на едно макро ниво од туѓи политики за  да го оствари тоа што сака во земјава. Мислам дека граѓаните во голем дел се свесни за тоа што и се случува на Македонија и за тоа дека зборуваме за режим кој траеше десет години. Тоа охрабрување може да биде  само за членството на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓународната заедница исто е свесна за случувањата, особено по некролозите кои излегоа за некои од амбасадорите”- објаснува Пировска.

Ваквата реторика вели  дава мошне лоша слика за земјава но  од друга страна вели е  дефокус кој не може да има реален ефект врз процесите кои се започнати во Македонија,  а  се ослободувачки од режимот.   

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа