16 Мај, 2024
0.0260

Стипендистите од „Борис Трајковски“ програмата за ЕМБА студии ќе присуствуваат на студиската недела на Универзитетот Шефилд во Велика Британија

Објавено во: Мои пари 21 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Годишната студиска недела на Универзитетот Шефилд е еден од клучните атрибути на ЕМБА програмата. На овој настан присуствуваат повеќе од 240 млади професионалци, меѓу кои и 20те стипендисти од „Борис Трајковски“ програмата за ЕМБА студиипреку Министерството за образование и наука од земјава. Годинешниот конкурс за стипендии од оваа студиска програма е во тек и ќе биде активен до 30 август, со повеќе детали на линкот.


Како традиционален и клучен настан за идните дипломци целта на оваа студиска недела е подобрување на меѓународниот карактер на ЕМБА програмата, обезбедувајќи многубројни можности за мрежно поврзување на студенти од 8 држави. Дел од активностите на студиската недела се едукативни семинари, посети на компании, возбудливи излегувања, остварување релации со професионалци од различни земји, индустрии и култури и споделување најдобри практики.


Стипендистите од оваа програма на студиската недела во Шефилд во јуни годинава, посетија една од водечките компании во автомобилската индустрија, фабриката Јагуар и Ленд Ровер во Ливерпул. Студентите присуствуваа и на предавања одржани од професори од Школата за здравство и сродни истражувања (ScHARR) и Медицинскиот факултет на Универзитетот Шефилд во текот на студиската недела. Додека пак, во Солун, за време на студиската недела годинава се одржаа специјализирани предавања и меѓународни работилници, на теми од најразлични области, меѓу кои Предизвици со стареење на тимот на работното место, Управување со луѓе на стратешки позиции, Управување со ризици.


Предвидена да комбинира работа и задоволство, годишната студиска недела во Солун вклучува и традиционално крстарење со брод во заливот Термаикос, што претставува еден вид пријатно бегство од часови за студентите од ЕМБА програмата.


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“