28 Април, 2024
0.0246

СТАРЛЕТАТА СОРАЈА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ - по тешката сообраќајка и лечењето на клиника во Албанија, итно префрлена во Хрватска на операција, еве зошто

Објавено во: Стил 08 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Една од најпознатите старлети во регионот Сораја Вучелиќ се бори за живот, како што јавија локалните медиуми. Старлетата во саботата доживеала страшна сообраќајна несреќа на границата со Албанија и е во тешка состојба.

Вучелиќ наводно имал скршеници на ребрата и внатрешно крварење.

Поради ова таа вчера од Албанија била префрлена во Хрватска на итна операција.

- Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја. Веднаш по несреќата била префрлена во приватна клиника во Албанија каде и била оперирана. Сепак, вчера состојбата и се влошила и почнала внатрешно да крвари. Семејството и пријателите решиле да ја префрлат во Хрватска на нова операција – раскажува за Информер извор близок на старлетата и објаснува што всушност се случило во кобната сабота.

- Сораја со пријателка замина од Косово за Албанија. Таа управувала џип „мерцедес“ во кој удрило комбе. Од силината на ударот Сораја за малку ќе прелетала низ возачкото седиште. Таа со градите удрила во воланот при што и ги скршила ребрата и ги повредила внатрешните органи.

Според него, сцената била морничава!

- Автомобилот е целосно уништен! Пожарникарите морале да ги извлечат Сораја и нејзината пријателка од џипот. Итната помош брзо пристигнала на местото на настанот и ја нашла во несвест. Ја приклучиле на инфузија и ја однеле во приватна клиника. Лекарите детално ја прегледале и утврдиле дека има скршеници на ребрата, повреди на вратот, белите дробови и стомакот, па затоа била оперирана. Но, вчера ненадејно се појави ново крварење и таа мора да оди на нова интервенција - изјавил извор за Информер.

Сораја Вучелиќ го купила џипот со кој удри летово во Црна Гора за 120.000 евра. Екипата на емисијата „Папрацо лов“ ја фати старлетата додека се возеше со скап автомобил низ Тиват, пред месец и половина.

Информер.рс и Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти