СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт
Објавено во: Балкан 19 Април, 2024
Според српските медиуми, братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт.
Далибор Драгијевиќ (40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Данка, починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е по вештачење на Институтот за судска медицина во Белград, објави српскиот портал Радар.
Според тој портал, судско-медицинскиот извештај констатирал бројни повреди на неговото тело, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодот е проследен до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување.