СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2024
СДСМ ветува просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.
Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се сретна со граѓаните од Чучер Сандево.
„Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра. Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари“, вели Спасовски.
Вели дека СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места.