Со ракети против град ќе се штитат посевите
Објавено во: Агробизнис 16 Април, 2013
Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека почна спроведувањето на активностите за заштита од град на обработливите земјоделски површини со противградобијни ракети.
УХМР ги предупредува граѓаните кои ќе дојдат во контакт, пронајдат или забележат такви средства и предмети, да не ги допираат и веднаш да ја известат надлеѓните од МВР, Регионалниот центар за управување со кризи или Радарскиот центар. Од Управата потсетуваат дека противградобијната ракета направена од експлозивен материјали, па затоа укажуваат на можните последици ако не дојде до нејзино самоуништување при контактот со облаците.