27 Април, 2024
0.0275

Со Мелани го изненадивме Јохан, тој е смислата на мојот живот: Соња Тарчуловска се враќа на фолк-сцената со песна од ќерка ѝ

Објавено во: Стил 14 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Соња Тарчуловска, познатата фолк-пејачка по осум години пауза, најавува враќање на музичката сцена, со песна чиј автор е нејзината ќерка, Мелани. Низ интересна приказна, Соња која е мајка на три деца: Мелани, Младен и Јоана, раскажува за нејзиниот живот во овој период, за сопругот Јохан и за тоа како го изненадила кога решила повторно да запее. Соња вели дека кога за првпат ја слушнала песната од ќерката, заплакала и си рекла дека сега е вистинскиот момент да ја испее. 

* Кога последен пат си пеела на домашен фестивал, кога последен пат си снимила песна?

- Последен пат на сцена се појавив во 2014 година на „Фолк Фест Валандово“ каде што ја  испеав песната „Моја Библија“ и тоа беше мојата последна снимена песна, но и периодот  пред тоа не се појавував често на музичката сцена, ме имаше па ме немаше. 

* Најави враќање на сцената со песната „Ватрена“, а за новата песна велиш дека ја напишала ќерката Мелани,  која е успешна мачда пејачка. Како се случи тоа Мелани да е автор?

- Перидов напорно работам на мојата нова песна и видео спот кои што набргу ќе бидат презентирани на публиката, а песната „Ватрена“ на социјалните мрежи ја искористив како  музички сингл во позадина со фотографиите од снимањето на новиот спот како најава на тоа што ќе следува. Мелани не е автор на песната „Ватрена“, туку на мојата нова песна што ќе излезе. Новата песна е инспирација на Мелани, која што веќе долго време ме провоцира да се вратам на македонската музичка сцена. И бидејќи ги игнорирав нејзините провокации, еден ден ми рече: Сакам да слушнеш нешто што ќе ти отпеам и ми го испеа целиот текст, а јас со солзи во очите реков, ова ќе биде хит кој што мора да го снимам. Целото интервју на Соња прочитајте го на Женски магазин.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти