13 Мај, 2024
0.0310

Словенија на протести, во Марибор најжестоко

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Словенија синоќа се соочи со големи протести кога граѓаните излегоа на улиците во Љубљана, Птуј,  Корушка, во Целје, Трбовље и се разбира, онаму каде што навистина почна се - во Марибор, поради што локалните демонстранти на вчерашниот митинг повикаа на Мариборорско востание. Како епилог од синоќешните нереди во Марибор, словенечката полиција објави дека во болница се задржани 6-мина полицајци, повеќемина демонстранти, а биле уапсени 60 лица. Околу 8000 луѓе демонстрираа синоќа во Марибор барајки оставка од градоначалникот Франц Канглер, обвинувајки го за корупција.  Демонстранти прво се собраа на Плоштадот Слобода, каде протестите беа мирни, но кога тие се преселија во предниот дел на Општина Марибор, насилство еруптираше. Во воздухот почнаа да летаат факели, камења, петарди, сообраќајни знаци, се кршеа прозорци,  излози, автобуски постојки, а  беа палени и контејнери. Иако, Канглер беше исклучен од Словенечката народна партија, која е помал партнер во владејачката коалиција, тој одбива да се повлече од функцијата. Денеска исто така беше упатен повик на мирни протести,  но и тие се повторно обележани со инциденти. Граѓаните бараат промени во општеството, во банкарскиот систем, во системот на демократија и во социјалните права.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!