03 Мај, 2024
0.0247

Следниот „iPhone“ ќе има „ForceTouch“ дисплеј

Објавено во: Стил 09 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

„The Wall Street Journal“ објави информации дека новиот „iPhone“ ќе има дисплеј со технологијата „Force Touch“.

Овие гласини ги потврдуваат претходните информации по прашањето и иако официјална потврда едвај ќе добиеме, колку повеќе извори укажуваат во оваа насока, толку поверојатно е тоа дека ќе се покаже точно. Според изданието не е исклучено компанијата да додаде и уште една боја од вообичаените, во кои се нуди телефонот. Во исто време димензиите на екранот и резолуцијата ќе останат исти како кај „iPhone 6“ и „6 Plus“.

Весникот посочува дека за стартот на продажбата на „iPhone 6s“ и „6s Plus“ „Apple“ се подготвуваат да обезбедат повеќе примероци отколку што беа достапни за „iPhone 6“. Компанијата очекува од партнерите до 31 декември 2015 година да произведат меѓу 85 и 95 милиони телефони од двата нови модели. За споредба, за „iPhone 6“ овие бројки биле меѓу 70 и 80 милиони. За да се задоволат барањата на „Apple“, од „Foxconn“ веќе вработуваат нови работници, што се очекува производството на новите модели „iPhone“ да започне следниот месец.

Во исто време „Apple“ можеби се двоумат дали да вклучат уште еден производител на телефони, за да се прошири понудата и да спречат евентуални проблеми со залихите. Овој пат тоа ќе се „Wistron“ кои го презедоа производството на „iPhone 5C“ од „Pegatron“ кога компанијата почна да го произведува „iPhone 6“. „Force Touch“ обезбедува дополнителни можности за управување на телефоните, бидејќи е во можност да препознае разликата помеѓу благо и силно притискање .