18 Мај, 2024
0.0436

Слаба реализација на капиталните инвестиции

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Намалена е инвестициската активност поради падот на реализацијата на капиталните инвестиции. Сепак, министерот за финасии Зоран Ставрески  тврди дека тие ќе се реализираат до крајот на годинава. Најновите податоци на Народната банка, пак, регистрираат пад и кај државните инвестиции. “Согледувањата за инвестициската активност се засноваат врз високиот годишен пад на државните инвестиции„ стои во извештајот на НБРМ. Инаку, досегашниот процент на реализација, заклучно со месец јули изнесува 41,1 процент.  По квартали, бројките кои ги обелодени народна банка покажуваат дека во првиот квартал остварени се капитални инвестиции во висина од 68,5 милиони евра, а додека во вториот квартал реализирани се инвестиции од околу 60,4 милиони евра. За целата оваа 2012 - та година планирани се пари за капитални инвестиции во вредност од 348 милиони евра, додека првично со буџетот за годинава пред ребалансот беа планирани 440 милиони евра за капитални инвестиции.  Иако реализцаијата на државните инвестиции се одвива бавно, министерот за финасии, Зоран Ставрески очекува резултати како минатогодишните. “Очекувам дека до крајот на годината, динамиката на реализиција ќе биде еднаква или над нивото од претходните години. Засега е солидна динамиката и очекуваме буџетските корсиници дека успешно ќе ги искористат средстава кои што стојат на располагање„ изјави министерот за финасии, Зоран Ставрески. Инаку, и минатата година Владата не успеа целосно да ги реализира предвидените капитални инвестиции. Само околу 85% од планираното беше остварено. Минатата година најголем дел од парите предвидени за капитални инвестиции завршија за проектот „Скопје 2014“, набавката на украинско - кинеските автобуси. Исто така, во 2011 година помалку пари од државната каса се потрошија за изградба на инфраструктурни проекти и за енергетски капацитети.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа