30 Април, 2024
0.0258

Екстра скапа увозна енергија – неконкурентно производство во Македонија!

Објавено во: Анализа 24 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Последните статистички податоци покажуваат дека во изминатите неколку години македонските компании просечно трошеле по 600.000  еквивалентни килограми (кгое) за да произведат БДП од 1.000 евра. Европските земји пак, трошеле најмалку три пати помалку. Македонија е меѓу рекордерите во Европа според потрошувачката на енергија за производство на 1.000 евра бруто-домашен производ. Ако се земе предвид дека енергенсите се многу скапи во Македонија, а трендот на пораст на нивната цена не запира ниту на светско ниво, неспорен е фактот дека македонските компании во старт имаат многу висока производна цена, која им ја поткопува конкурентноста на домашниот, а особено на странските пазари. Последните статистички податоци покажуваат дека во изминатите неколку години македонските компании просечно трошеле по 600.000  еквивалентни килограми (кгое) за да произведат БДП од 1.000 евра. Европските земји пак, трошеле најмалку три пати помалку. Македонија е во групата со Бугарија, Романија, Естонија и Словачка по количината на енерегија што ја троши за производство на 1.000 евра БДП. На тој начин земјите од Источниот блок се инфериорни во однос на високоразвиените Германија, Франција, Австрија, Белгија во однос на конкурентното производство. Македонија со изгор енергенси!  Дефицитарното домашно производство на енергија со години се покрива со скапиот увоз. Македонија веќе две децении не успеа да изгради неколку клучни енергетски објекти, кои можеби нема да направат од земјава нето – извозник на енергија, но барем ќе одговореа на потребите на домашната индустрија и домаќинствата. Компаниите имаат ограничен пристап до енергенси. Дополнително што и овие енергенси воопшто не се евтини, што на крајот го поскапува крајното производство. Македонската индустрија се уште нема пристап до евтиниот енергенс - природниот гас. Ограничениот пристап до енергенси, кои од година во година драстично поскапуваат, е само една од причините за неконкурентноста на македонската економија. Само дел од македонските компании имат „привилегија“ да го користат природниот гас како гориво, но по цена највисока во регионот. Растечката цена на струјата во измнинатите неколку години пак, им покажа на компаниите дека долгорочното производство на овој енергенс нема да биде одржливо, па затоа мораа да бараат алтернатива во други енергенси. Проблемот добива на интензитет ако уште се земе предвид и фактот дека поскапувањето на енергенсите и ограниченоста до евтини енергетски ресурси ги зголемува и транспортните трошоци на компаниите. К.П